Skip to main content

Eдриличари од „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54. Балканско првенство во едрење во Волос

За македонската екипа, настапот на првенството претставуваше можност за стекнување ново искуство и претставување на земјата на значајна регионална едриличарска сцена.
 |  инфодеск  | 

Четиринаесет едриличари од едриличарските клубови „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54. Балканско првенство во едрење, кое од 10 до 13 септември се одржа во Волос, Грција.

Македонските натпреварувачи настапија во класите Optimist, ILCA 4 и ILCA 6, а по шест одржани трки ги постигнаа следните пласмани:

ILCA 6

  • Марко Милески – 17. место („Снегар“)
  • Андреја Кавај – 24. место („Снегар“)

ILCA 4

  • Стефан Бараковски – 34. место („Снегар“)
  • Лина Пашоска – 35. место („Акватика“)
  • Берак Шашко – 38. место („Снегар“)
  • Мила Булатовиќ – 40. место („Акватика“)

Optimist

  • Томе Златески – 75. место („Снегар“)
  • Калина Николовска – 78. место („Акватика“)
  • Горјан Негриески – 85. место („Снегар“)
  • Петар Филоски – 87. место („Акватика“)
  • Бора Попоска – 89. место („Акватика“)
  • Максим Стојкоски – 90. место („Акватика“)
  • Сара Милеска – 91. место („Снегар“)
  • Атина Стојкоска – 93. место („Акватика“)

-Зад секој резултат стојат денови исполнети со ветер, бранови, концентрација, борбеност и огромна љубов кон едрењето. Горди сме на целата македонска екипа што достоинствено ги бранеше нашите бои, велат од „Акватика Јахтинг“.

За македонската екипа, настапот на првенството претставуваше можност за стекнување ново искуство и претставување на земјата на значајна регионална едриличарска сцена.