Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во Пештани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен охриѓанец и правен субјект од Пештани, откако при контрола на плажа било утврдено дека на четири малолетни лица им биле овозможени купување и консумирање алкохолни пијалаци.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Охрид и правен субјект со седиште во охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.
При контрола извршена на 29.08.2026 година на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци, без да им бидат побарани лични документи и без да се утврди нивната возраст.




