Skip to main content

Лице од Албанија со 1,75 промили алкохол удрил во бетонска ограда на булевар Туристичка

По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава , информриаат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 15 септември 2026 година, во 01:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 30-годишно лице од Република Албанија.

– Претходно, управувајќи патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда помеѓу двете коловозни ленти, а при извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него утврдиле 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај и одземени му се возачките документи. По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување моторно возило“, информриаат од СВР Охрид.