Во тек е потрага и на копно и во вода по 32-годишен скопјанец кој исчезнал од автокамп во Охрид
Полиција, нуркачи и планинската спасителна служба трагаат по лицето пријавено за исчезнато од страна на неговиот татко.

На 14 септември 2026 година во 18:10 часот во СВР Охрид, жител на Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син, со кого престојувал во автокамп во Охрид, го напуштил кампот, по што на плажата пронашол дел од неговата облека, мобилен телефон и гумен чамец.
Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од Езерската полиција и од СВР Охрид, заедно со членови на спасителската планинска служба и нуркачки тим од Нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот, , информираат од СВР Охрид.




