Skip to main content

Кривична за поранешниот градоначалник на Струга и двајца вработени во општината за несовесно работење во службата

Поранешниот градоначалник се сомничи дека со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село  Мислешево.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Струга Р. М(69), 40 годишно лице од струга и 57 годишно лице од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

-Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село  Мислешево. Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, се вели во соопштението од СВР Охрид.