Утре и задутре ќе се одржи 2. Меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида

Факултетот за образовни науки и Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Институтот за културно наследство и археологија – Скопје и Стопанската комора, најавуваат дека ќе се одржи Вториот меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида.
Симпозиумот ќе се одржи од 18 до 20 септември 2026 година во Охрид, под темата „Медитеранската археологија помеѓу империите и империјализмот“. Свеченото отворање е предвидено на 18 септември во Галеријата на икони; научните сесии ќе се одвиваат во Куќата на Робевци и Куќата на Узунови, а свеченото затворање во Спомен-куќата на Григор Прличев.
Организаторите информираат дека на симпозиумот ќе учествуваат истакнати истражувачи и професори од Македонија и од повеќе меѓународни академски и истражувачки институции. На симпозиумот на УГД ќе присуствува основачот и долгогодишен претседател на Шпанскиот институт за културно наследство, како и поранешен претседател на Европската асоцијација на археолозите, проф. Фелипе Криадо Боадо, европскиот и холандски академик Варшлаус, како и раководители и професори од светски највисоко рангираните универзитети во областа на археологијата и античката историја: Сапиенца, Лејден, Универзити Колеџ Лондон, Макс Планк Институтот од Фиренца, Универзитет во Гетеборг, Полската академија, Австриската академија, УНЕСКО катедрата за наследство на иднината и повеќе европски и регионални универзитети и истражувачки центри.





