Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Охрид–Св. Наум
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Вчера, во 11 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид–Св. Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишен скопјанец, и мотоцикл „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишен жител на село Мислешево, Струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.




