Денес ќе биде отворена изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“

Денес ќе биде отворена иизложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“, во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата е организирана од Здружението „Македонида“, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Поставката претставува избор на фотографии од архивата на „Македонида“, создадени во рамки на едицијата книги-водичи посветени на средновековните цркви во Македонија, Пелагонија, Мариово, Преспа и Охрид.
Преку фотографскиот објектив се претставени значајни фрескоансамбли и цркви, од „Света Софија“ во Охрид до манастирот „Свети Наум“, со фокус на развојот на христијанската иконографија и фрескосликарството од XI до почетокот на XIX век.
Изложбата има за цел преку фотографијата да го доближи богатото културно и духовно наследство до пошироката јавност и да ја нагласи важноста од неговата заштита и афирмација.
Куратори на изложбата се Гордана Велков и м-р Владимир Таневски. Изложбата започнува во 19 часот.




