Skip to main content

Првиот женски ракометен форум ќе се одржи во Охрид

Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот ќе обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои ќе ги споделат своите лични и професионални приказни.
 |  инфодеск  | 

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), со цел дополнително да придонесе кон развојот, видливоста и унапредувањето на женскиот ракомет, за првпат ќе организира Женски ракометен форум, кој ќе се одржи на 26 септември во Охрид, во рамки на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.

Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот ќе обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои ќе ги споделат своите лични и професионални приказни

Посебен акцент ќе биде ставен и на истрајноста, лидерството и животот во ракометот по завршувањето на играчката кариера, како теми што се важни не само за врвните спортистки, туку и за генерациите што доаѓаат.

„На едно место ќе бидат легендите, актуелните репрезентативки на Македонија, младите ракометарки од домашната сцена, како и тренери, спортски работници и луѓе кои секојдневно учествуваат во создавањето на идните генерации.Првиот Женски ракометен форум е чекор на Ракометната федерација на Македонија кон создавање простор во кој искуството ќе се споделува, важните прашања ќе се отвораат гласно, а идеите за подобра иднина на женскиот ракомет ќе добијат свое место“, соопшти РФМ