Skip to main content

Се обидел да проголта две пакувања со бела прашкаста материја, приведен охриѓанец во Струга

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираaт од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат” во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишено 44 годишно лице од Охрид.

– Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.