Еднорог во Италија
Истражувачите од Италија мошне се изненадија кога во еден резерват во градот Прато, во близина на Флоренца, забележаа еднорого животно што наликува на суштеството од средновековните приказни. Станува збор за 10 месечен елен со генетско пореметување од чие чело излегува само еден рог!
„Фантазијата станува реалност“, вели Џилберто Тоци, директор на Центарот за природни науки во Прато и додава:
„Овој показател упатува на заклучок дека уште во средниот век, кога се појавила и приказната за еднорогот, постоела слична генетска аномалија што предизвикала формирање на само еден рог кај животните“.
Но, иако оваа појава не е толку необична за научниците, сепак тие се збунети од централната поставеност на рогот.
„Обично рогот расте само на едната страна на главата, но не и на средината. Ова навистина наликува на сложен случај“, смета Фулвио Фратичели, директор за наука од зоолошката градина во Рим.
Најстари податоци за митолошкиот еднорог се среќаваат во средновековните текстови, каде се раскажува дека постоеле животни, најчесто претставени како бел коњ, бела коза или кит-нарвал, со еден рог на главата, кои имале изразена моќ за исцелување. Во ‘модерните приказни’ последен пат еднорогото суштество беше прикажано во авантурите на славниот Хари Потер.
{loadposition content9}