УХМР
УХМР: Оваа седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди
Минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 25 степени Целзиусови.

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.
Минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 25 степени Целзиусови.
Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди во текот на денот. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне се очекуваат локално пообилни врнежи од дожд. До среда долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер кој повремено ќе надминува брзина од 50 km/h.




