Skip to main content

Јавна анкета и презентација за измените на ДУП за дел од блок 8.1 во Охрид

Јавната анкета ќе трае од 24 септември до 9 октомври 2026 година, додека јавната презентација ќе се одржи на 7 октомври, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за Предлог-планот за изменување и дополнување на ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1 – опфат 1, КО Охрид 2, Општина Охрид, за планскиот период 2017–2030 година.

Јавната анкета ќе трае од 24 септември до 9 октомври 2026 година, додека јавната презентација ќе се одржи на 7 октомври, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид.

Граѓаните, правните и физичките лица ќе имаат можност да извршат увид во планот преку електронскиот систем е-урбанизам, како и да достават свои забелешки и предлози во писмена и електронска форма.

Од Општината информираат дека стручната служба ќе биде достапна за дополнителни објаснувања секој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на Општина Охрид.

Подетални информации ТУКА.