Skip to main content

Општина Охрид вработува на неопределено време одговорен на возен парк, плата 36.000 ден

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот.
 |  инфодеск  | 
Општина маркица

Општина Охрид објави јавен оглас за вработување на едно лице на неопределено време на работното место „Одговорен на возен парк“ (УПР 04 03 А01 001).

За позицијата е потребно кандидатите да имаат најмалку завршено средно образование, како и положен возачки испит за Б или Ц категорија. Работно искуство во струката не е задолжително.

Работното време е 40 часа неделно, а предвидената основна нето плата изнесува 36.000 денари.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување во јавниот сектор, а при пријавувањето потребно е да достават CV, доказ за државјанство, доказ за образование, возачка дозвола/доказ за положен возачки испит, доказ за работно искуство доколку го имаат, како и соодветните други документи наведени во огласот.

Пријавите се доставуваат во затворен плик до Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „вработување по јавен оглас“.

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот. Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат разгледувани.

За дополнителни информации, лице за контакт е Лидија Грданоска – 072 241 772, а пријавата може да се преземе преку веб-страницата на Општина Охрид.