Skip to main content

Лице лишено од слобода поради агресивно однесување и закани во Велгошти

По целосното документирање на случајот, од СВР Охрид најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 20 септември 2026 година, околу 19:45 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишно лице.

Според информациите од полицијата, лицето било приведено по претходна пријава дека агресивно се однесувало и упатувало закани кон 30-годишен жител на селото.

По целосното документирање на случајот, од СВР Охрид најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.