Есента официјално пристигнува денеска, денот и ноќта се израмнуваат

Денеска, 22 септември, календарски започнува есента, со настапувањето на есенската рамноденица – денот кога должината на денот и ноќта се приближно еднакви. Есенската рамноденица го означува моментот кога Сонцето ги осветлува северната и јужната хемисфера приближно подеднакво. По овој датум, на северната хемисфера ноќите постепено стануваат подолги, а деновите пократки.
Со пристигнувањето на есента започнува периодот на постепено заладување, промена на боите во природата и подготовка за зимскиот период. Листовите на дрвјата почнуваат да ги менуваат своите бои, а деновите стануваат пократки. Есенската рамноденица се случува еднаш годишно на северната хемисфера, најчесто на 22 или 23 септември, зависно од календарската година и астрономските пресметки.
Овој период традиционално се поврзува со бербата и завршувањето на земјоделскиот циклус, но и со почетокот на новата сезона која носи пониски температури и постепено намалување на дневната светлина.




