Исчистени диви депонии во „Билјанини Извори“
Од локациите се подигнати околу 16 кубни метри кабаст и зелен отпад.

ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти повеќе диви депонии во Урбаната заедница 8 „Билјанини Извори“ во Охрид.
Од локациите се подигнати околу 16 кубни метри кабаст и зелен отпад.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува чиста и здрава животна средина.






