Skip to main content

70-годишна жена од Германија пронајдена почината во хотел во Охрид

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
 |  инфодеск  | 

70-годишна државјанка на Германија била пронајдена почината во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид. Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 22 септември во 23:40 часот.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што, според првичните информации, немало траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.