Skip to main content

Утре акција за собирање текстилен отпад во Охрид

Граѓаните кои имаат потреба од облека можат да го контактираат ЈП Охридски Комуналец преку зелениот телефон 076 355 327.
 |  инфодеск  | 

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите за собирање текстилен отпад, кои се реализираат во соработка со „Училиштата без пластика“ и се одржуваат секој последен петок во месецот.

Следната акција ќе се одржи утре, 25 септември, кога граѓаните ќе имаат можност правилно да ја одложат старата облека во специјалните контејнери на „Тексомак“, поставени на повеќе локации во градот (до влезот од Охридски Комуналец-Механизација, дворовите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Св. Наум Охридски“)

Од „Охридски Комуналец“ упатуваат апел до граѓаните текстилниот отпад да го одложуваат исклучиво на предвидените места. Одлагањето на текстилен отпад во дворовите на основните и средните училишта ќе биде овозможено во рамки на нивното работно време.

Истовремено, ги информираат граѓаните кои имаат потреба од облека дека можат да ги контактираат преку зелениот телефон 076 355 327.

Од „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека во акцијата не се собираат стари обувки, чанти и други нетекстилни предмети.