Skip to main content

Новото болничко крило во Специјалната болница „Св. Еразмо” ќе биде ставено во употреба до крајот на годинава

По десет години застој, до крајот на годинава треба да заврши реконструкцијата на новото болничко крило во „Св. Еразмо” во Охрид. Инвестицијата надминува два милиони евра, а со новите капацитети болницата треба да добие четири операциони сали и услови за развој на нови медицински услуги.
 |  инфодеск  | 

До крајот на годинава ќе   заврши реконструкцијата на новото болничко крило во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Инвестицијата,, ќе надмине два милиони евра,  избрана е фирма која ќе ги заврши градежните работи, а со проектот болницата ќе добие нови операциони сали, модерна интензивна нега и подобри услови за пациентите.

Се очекува да се зголеми и обемот на интервенции.а болницата да прерасне во регионален центар.

„Тоа се водеше долго време заедно, за да се затвори финансиската конструкција, избран е добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, постапките за набавка на опрема дел се во тек, дел ќе бидат обновени, и јас, еве, би ставил рок да до Нова година, за да си направиме приписок, до Нова година новото крило, и тоа е цела нова болница, биде ставена во употреба.“ – кажа Сашо Клекоски министер за здравство при денешната посета на болницата,

 За раководството на „Св. Еразмо”, завршувањето на крилото значи и можност за проширување на медицинските услуги и создавање услови за развој на ортопедијата и неврохирургијата.

„И мислам, ќе се потрудиме, меѓу другото, да поставиме една, можеби, најрепрезентативна институција од областа на ортопедијата и неврохирургијата. Значи, како што го градиме патот, прво со, па потоа сега со заложби на Владата на Република Македонија, со мака поддршка, каква имаме, да станеме еден референтен центар во ортопедијата и во неврохирургијата.“ – изјави Хари Шокароски, директор на „Св. Еразмо”.

Реконструкцијата на новото болничко  крило  започна во 2016 година, иако поголем дел од градежните работи беа завршени. проектот со години беше во застој.

Новинар Соња Рилковска