ДДВ за дизелот останува 10% до 12 октомври
Владата ја продолжи мерката со која данокот на додадена вредност за дизел-горивото останува намален од 18 на 10 проценти.
| инфодеск | Македонија

Владата ја продолжи мерката со која данокот на додадена вредност за дизел-горивото останува намален од 18 на 10 проценти до 12 октомври, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Таа нагласи дека целта е заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на стабилноста на домашната економија.
„Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги“, истакна Димитриеска-Кочоска.




