Skip to main content

Екипата на Црвен крст Охрид втора на Државниот натпревар по прва помош

Од Црвен крст Охрид упатија честитки до сите учесници на Државниот натпревар, а особено до членовите на охридската екипа за нивната посветеност и вложениот труд во текот на подготовките, како и за покажаното знаење и вештини на самиот натпревар.
 |  инфодеск  | 

Екипата на Црвен крст Охрид освои второ место на XXXII Државен натпревар по прва помош, кој се одржа на 26 септември 2026 година во Скопје.

Домаќин на натпреварот беше Црвениот крст на град Скопје, а на него учествуваа 10 екипи од исто толку општински организации на Црвениот крст, кои претходно обезбедија најдобар пласман на регионалните натпревари.

Натпреварувачкиот дел се одвиваше на 10 бази – пет бази за прва помош и пет бази со забавен и интерактивен карактер. Натпреварувачите своите знаења и вештини ги покажаа на повеќе локации во централното градско подрачје на Скопје, меѓу кои Музејот на холокаустот, кејот на реката Вардар, Жена парк, Порта Македонија и Рекорд.

Од Црвен крст Охрид упатија честитки до сите учесници на Државниот натпревар, а особено до членовите на охридската екипа за нивната посветеност и вложениот труд во текот на подготовките, како и за покажаното знаење и вештини на самиот натпревар.

Посебна благодарност е упатена и до сите волонтери и ментори кои биле активно вклучени во подготовката и поддршката на екипата на Црвен крст Охрид.