Skip to main content

24-годишен охриѓанец лишен од слобода, ја нападнал мајка си во семејниот дом

По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

24-годишен жител на Охрид е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.

На 28 септември 2026 година, во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 24-годишниот охриѓанец, по претходно добиена пријава за семејно насилство. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка.

По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.