„Парите се отепувачка“ повторно на сцената на Народен театар Охрид на 3 октомври

Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле ќе биде изведена во сабота, 3 октомври, на сцената на Народен театар Охрид. Претставата започнува во 20:00 часот, а цената на билетот изнесува 300 денари.
Адаптацијата и режијата се на Андреј Цветановски, сцената, костимите и видео-дизајнот се на Сергеј Светозарев, додека музиката е на Димитар Андоновски.
Во претставата настапуваат:
- Митре – Стрезо Стаматовски
- Анѓеле – Филип Кипровски
- Мара – Марија Новак
- Ката – Адријана Билаловиќ-Тодороска
- Софре – Никола Тодороски
Инспициент е Филип Ангеличин-Жура, за тон и видео-проекции е задолжен Никола Јосифоски, а светлото го реализира Борис Велјаноски.
За гардеробата се задолжени Деса Лазороска и Линдита Мерко, реквизитата ја подготвуваат Соња Крстаноска и Маријана Николоска, додека како сценски декоратери се потпишуваат Ѓоко Китоски, Горан Георгиески, Јане Велјаноски и Кире Ангелоски.
Билетите се достапни во билетарата на Народен театар Охрид. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, а на денот на изведбата од 13:00 до 20:00 часот.




