Skip to main content

ЈП „Градски Пазар“ со апел до продавачите да не ги зафаќаат тротоарите, туку да продаваат во пазарот

Во понеделникот, 28 септември, ЈП „Градски Пазар“ – Охрид спроведе акција за расчистување и уредување на јавните површини на повеќе локации во градот.
 |  инфодеск  | 

ЈП „Градски Пазар“ – Охрид спроведе акција на повеќе локации во градот со цел да се обезбедат уредни јавни површини и непречено движење на пешаците.

Во понеделникот, 28 септември, ЈП „Градски Пазар“ – Охрид спроведе акција за расчистување и уредување на јавните површини на повеќе локации во градот. Акцијата опфати делови кај КАМ Маркет, кај Билјанини Извори, автобускиот простор кај болниците, како и тротоарите во непосредна близина на Градскиот Пазар, информираа од јавното претпријатие.

Оттаму посочуваат дека целта била да се овозможи непречено движење на пешаците и нормално користење на јавните површини, особено на местата каде што се попречува движењето или пристапот за достава на стока.

Од ЈП „Градски Пазар“ упатија апел до продавачите да не ги зафаќаат тротоарите и површините наменети за движење на пешаци, како и просторот предвиден за пристап и достава на роба.

Воедно, од претпријатието ги повикуваат продавачите својата дејност да ја вршат во просториите на Градскиот Пазар, каде, како што наведуваат, се обезбедени услови за продажба по достапни цени за пазарните места.