Skip to main content

Две лица физички нападнале 21-годишник на на булеварот „Железничка“

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Во близина на деловен објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, две лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец. Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 28 септември, околу 23 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.