Skip to main content

Кардиолошки центар Охрид со важна порака на Светскиот ден на срцето: Грижата започнува со превенција

По повод Светскиот ден на срцето, кој се одбележува на 29 септември, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид со стручни совети и едукативни материјали потсетува на важноста од превенцијата, навремените прегледи и секојдневната грижа за здравјето на срцето.
 |  инфодеск  | 

По повод Светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид ја нагласува важноста од превенцијата, навремената дијагностика и грижата за срцевото здравје.

Светскиот ден на срцето, кој се одбележува секоја година на 29 септември, годинава се одбележува под мотото „DON’T MISS A BEAT“, со порака за поголема грижа и свесност за здравјето на срцето.

По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид се вклучува во одбележувањето со активности насочени кон едукација и подигнување на свеста за кардиоваскуларното здравје.

Од болницата посочуваат дека како специјализирана здравствена установа во областа на кардиоваскуларната медицина, нивната цел е да се нагласи значењето на раната превенција, навремената дијагностика и соодветниот третман на кардиоваскуларните заболувања.

Одбележувањето се реализира во соработка со „Алкалоид“ АД Скопје, преку споделување стручни совети и едукативни материјали посветени на зачувувањето на срцевото здравје и правилната грижа за срцевиот ритам.

Од охридскиот Кардиолошки центар потсетуваат дека грижата за срцето не треба да биде само еднодневна активност, туку секојдневна одговорност кон сопственото здравје.

Навремената превенција и редовните здравствени контроли се важен дел од грижата за кардиоваскуларното здравје.