Skip to main content

Физички нападната 73-годишна жена во Охрид

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 29 септември 2026 година, во 13:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, лице од Охрид физички нападнало 73-годишна жена, исто така од Охрид.

Жената се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.