Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 4

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за урбана заедница 4, рбан блок 4.2-опфат 2, Општина Охрид е ставен на увид, информираат од Општина Охрид.
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата во Општина Охрид секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи од 01.10.2026 год. до 01.11.2026 год.
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 26.10.2026г.во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул.„ Димитар Влахов“ бр.57 Охрид.
Нацрт извештајот на следниот ЛИНК.




