Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид
Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Денеска (02.10.2026), мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над 23 годишно лице од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.
Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
извор: МВР




