Skip to main content

Утре во Црвена Вода ќе биде одбележана 83 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, ќе положат свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор.
 |  инфодеск  | 

Утре Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ќе ја одбележи 83 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година, со полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор.

За време на шестмесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи, значајни за создавањето на сопствена држава, желба на многуте генерации низ минатите векови.

Главниот Штаб на НОВ и ПОМ под раководство на Генерал Михајло Апостолски, на 3 Октомври 1943 година, го издаде Манифестот, во кој беа изнесени целите на НОВ во Македонија, со повик до народот сите патриотски сили да се вклучат во борбата за слобода. Овој Манифест, заедно со Манифестот на Крушевската република и со одлуките на Првото заседание на АСНОМ се вбројуваат во историски најзначајните документи врз кои се поставува државно-правната основа на македноската државна заедница.