Skip to main content

Клековски во Струга: Поранешната ковид-болница ќе се стави во функција за амбуланти

При посетата, министерот истакна дека на среден рок е потребно да се најде ново решение за просторното функционирање на Општата болница.
 |  инфодеск  | 

Министерот за здравство Сашо Клековскиденеска ги посети ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствениот дом, каде се сретна со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници.

На средбата беше посочено дека струшката болница располага со дигестивна и торакална хирургија, како и со други оддели кои секојдневно обезбедуваат здравствени услуги за граѓаните од Струга и околниот регион, иако работат во отежнати услови.

Како конкретен чекор за подобрување на условите, Министерството најави ставање во функција на поранешната ковид-болница за потребите на амбулантите. Просторот, кој со години не се користел, ќе биде адаптиран за здравствени услуги, со што ќе се ослободи дополнителен простор во болницата за воведување нови специјалистички услуги. На тој начин, според Министерството за здравство, пациентите ќе можат да добиваат повеќе специјалистички прегледи во Струга, без потреба да патуваат во други здравствени установи.

При посетата, министерот истакна дека на среден рок е потребно да се најде ново решение за просторното функционирање на Општата болница.

Министерот им се заблагодари на директорот Бунчески и на здравствените работници за посветеноста и ангажманот во обезбедувањето здравствена заштита за граѓаните од Струга и регионот.