Skip to main content

Дарко Петковски е автор на „8 Way- Најди го зборот“, нова мобилна игра со зборови инспирирана од познатата „Осумнасочник“

Една од нејзините важни карактеристики е поддршката за повеќе јазици. На тој начин, 8Way е достапна за играчи од различни земји, како и за македонските семејства во дијаспората чии членови можеби користат различни јазици.
 |  инфодеск  | 

 Дарко Петковски е 38-годишен независен софтверски инженер (развивач на мобилни апликации) кој е автор на „8 Way – Најди го зборот“, бесплатна игра со зборови, достапна на македонски и на повеќе други јазици, креирана за корисниците на iOS и Android.

„8Way – Најди го зборот“ е мобилна игра за пронаоѓање скриени зборови, создадена за корисно исполнување на слободното време и за вежбање на мозокот и концентрацијата. Играта е лесна за разбирање, но нуди доволно предизвик за играчите што сакаат да го тестираат својот речник и начинот на размислување.

Идејата за апликацијата потекнува од „Осумнасочник“, добро познатата игра со зборови што порано редовно можеше да се најде во весниците. Како што вели креаторот, „Сакав оваа игра, која кај многумина буди убави спомени, да ја пренесам во современа дигитална форма и да ја направам достапна во секое време преку мобилен телефон“.

Една од нејзините важни карактеристики е поддршката за повеќе јазици. На тој начин, 8Way е достапна за играчи од различни земји, како и за македонските семејства во дијаспората чии членови можеби користат различни јазици.

-Мојата цел беше да создадам квалитетен дигитален производ направен во Македонија, кој може да стигне до играчи ширум светот, вели Дарко.

Играта е достапна тука:

iPhone и iPad:
https://apps.apple.com/us/app/8-way-word-puzzle/id6766798603

Android:
https://play.google.com/store/apps/details?id=slagalica.balkan.app.slagalica