Физички нападнат охриѓанец на патот Охрид-Струга, напаѓачите користеле дрвени палки
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 4 октомври во 14:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 2:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, 26-годишен жител на Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.
Нападнатиот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани телесни повреди.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.




