СВР Охрид
Денес од 14:00 до 17:00 часот полициската линијата 112 ќе се пренасочува на други броеви
Денес тричасовно пренасочување на телефонската линија 112.

Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека на подрачјето што го покрива, денес, 6 октомври 2026 година, во периодот од 14:00 до 17:00 часот, поради изведување на системски работни ангажмани, ќе биде извршено тричасовно пренасочување на телефонската линија 112.
-Во наведениот период, повиците кон бројот 112 ќе бидат пренасочени кон следните телефонски броеви: 072/911-712, 072/339-111 и 046/219111, информираат од СВР Охрид.
Воедно ги замолуваат граѓаните, во наведениот период за итни случаи, да ги користат овие телефонски броеви.




