Skip to main content

УХМР

Денес сончево и релативно топло

Во Охрид денес температурите од 6 до 22 степени.
 |  инфодеск  | 

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Охрид денес температурите од 6 до 22 степени.

Од УХМР информираат дека до четврток ќе се задржи сончево и релативно топловреме. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Во недела ветерот ќе ги смени правецот во северен.