Skip to main content

Претставата “Оркестар Титаник” на репертоарот на Народен Театар Охрид во петок

Карти во продажба на билетара, билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
 |  инфодеск  | 

Претставата “Оркестар Титаник” од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, на репертоарот на Народен Театар Охрид во петок, 09.10.2026 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 300 денари.

Актери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.

За претставата  режисерот Цветановски ќе рече: “Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде.

Карти во продажба на билетара, билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.