Две лица повредени при пожар во камп-приколка
При обид за гаснење на пожарот со противпожарни апарати, со повреди се здобиле две лица од Охрид и Битола.

На 4 октомври 2026 година, во 22:35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридското Езеро избувнал пожар во камп-приколка, сопственост на 44-годишно лице од Скопје.
При обид за гаснење на пожарот со противпожарни апарати, со повреди се здобиле две лица од Охрид и Битола. Тие биле пренесени во Општата болница во Охрид за укажување медицинска помош.
По овластување на јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.




