Приведен 19-годишник во охридско село поради закани кон полицаец и оштетување возило
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 5 октомври 2026 година, во 17:35 часот, во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 19-годишник, по претходна пријава дека преку социјалните мрежи упатувал закани кон полициски службеник.
Според пријавеното, по упатените закани, 19-годишникот го оштетил и патничкото моторно возило на полицискиот службеник.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




