Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто
Цените во периодот јануари-септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %.

Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
По групи, цените во угостителството се зголемени кај групата храна за 0.1 %, додека кај групите алкохолни пијалаци, безалкохолни пајалаци и ноќевања не се забележани промени.
Цените во периодот јануари-септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.5 %.




