Skip to main content

Кокаин и марихуана пронашла полицијата кај жител на Лескоец

Од СВР Охрид информираат дека за случајот е поднесена соодветна кривична пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес извршен по судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид кај пријавениот, како и во неговиот автомобил „Волво“ со охридски регистарски ознаки, пронашле и одзеле кокаин и марихуана.

Од СВР Охрид информираат дека за случајот е поднесена соодветна кривична пријава.