Skip to main content

УХМР

Денес времето променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес во Охрид температурите од 9 до 22 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Денес во Охрид температурите од 9 до 22 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност, од денес до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.