Во август во Охрид издадени 10 одобренија за градење, во Струга 23

Во август годинава во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, според најновите податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Шест одобренијасе издадени на физички лица а во 4 случаи инвеститор е правен субјект. Планирана е градба на 94 нови станови , најмногу двособни, со корисна површина од 5 178 м2.
Во соседна Струга во август издадени се 23 одобренија за градба од кои 19 на физички лица а 4 на правни субјекти. Иако бројот на одобренија е значителен , планирана е изградба на 19 станови.
Во Вевчани и Дебрца не е издадено ниту едно одобрение.
На ниво на државата во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 224 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба.
Од вкупно 333 објекти, на 231 (69.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2.
Најмногу станови ќе се изградат во Во Скопскиот Регион 551, а по него следува Југозападниот со 152 станови.




