Skip to main content

Високо 8 место за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид во конкуренција на 100 средни училишта

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на осмото место меѓу 100 средни училишта во Македонија во примената на вештачката интелигенција.
 |  инфодеск  | 

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид се најде на високото осмо место во конкуренција на 100 средни училишта во Македонија, според успешноста во примената на вештачката интелигенција.

Успехот е резултат на посветеноста и активното учество на тројца професори од училиштето, кои се меѓу првите 100 учесници што ја завршија деветмесечната програма за вештачка интелигенција, организирана од Brainster Next College и Министерството за образование и наука.

На свечениот настан што се одржа вчера во просториите на Brainster Next College, професорите добија сертификати „Лидери за вештачка интелигенција во средното образование“. Признанијата им ги врачија министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, основачот на Brainster Next College, Петар Ниновски, и директорот Александар Клашниновски.

Меѓу наградените професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се:

  • м-р Сања Јованоска
  • Александра Настоска Николoска
  • Стојан Новески

Од училиштето посочуваат дека нивната посветеност, активното учество и подготвеноста за усвојување и примена на нови дигитални алатки придонеле ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ да се вброи меѓу најуспешните училишта во земјата во оваа област.