Skip to main content

Граѓаните да не се приближуваат до ископот на местото на подземните контејери на ул. „Македонски просветители“

Во тек се подготовки за изградба на објектот „Зелена соба“, наменет за поставување контејнери за селекција на отпадот и за комунален отпад.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид информира дека на локацијата каде што претходно беа поставени подземните контејнери, во тек се подготовки за изградба на објектот „Зелена соба“, наменет за поставување контејнери за селекција на отпадот и за комунален отпад.

Од Општината посочуваат дека на локацијата во моментов има подлабок ископ во кој е насобрана вода. Просторот е обележан и обезбеден со предупредувачки ленти, со натпис „Внимание – градежни работи“.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените предупредувања, да не ги преминуваат заштитните ленти и да не се приближуваат до ископот, особено да внимаваат децата да не пристапуваат до овој простор.

Изградбата на „Зелена соба“ е дел од активностите за унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за селекција и правилно одлагање на отпадот во Охрид.