Skip to main content

Oд денеска, ставен во функција е системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Охрид

Во Охрид и Струга се инсталирани вкупно 40 сообраќајни камери за евидентирање прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот, кои се дел од системот Safe City.
 |  инфодеск  | 

Oд денеска, ставен во функција е системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ и на подрачјето на СВР Охрид.

–Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата, велат од МВР.

Од министерството апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Во Охрид и Струга се инсталирани вкупно 40 сообраќајни камери за евидентирање прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот, кои се дел од системот Safe City. Камери и потребната инфраструктура се поставени на кружните текови кај ОЕМУЦ, кај поранешна „Охридска банка“, во центарот на градот и на повеќе други локации. Четири камери се инсталирани на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на селата Горенци и Требеништа, како и кај Ботун и Ново Село во Општина Дебрца.