Без вода Трпејца и Љубаништа поради дефект на електродистрибутивната мрежа
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот од страна на ЕВН Македонија.

Поради настанат дефект на електродистрибутивната мрежа, од 10:00 часот во прекин со работа се пумпните станици во селата Трпејца и Љубаништа, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Се додека не заврши отстранувањето на дефектот од страна на ЕВН Македонија, ќе има прекин во водоснабдувањето во селата Трпејца и Љубаништа, посочуваат од јавното претпријатие.




