Охрид конечно добива современ дом за стари лица

Охрид, конечно добива современ старечки дом, прв во целиот Југозападен регион. Објектот е комплетно изграден во анселбата Далјан на самиот брег на Охридското Езеро. Покрај сместувањето предвидени се и дополнителни здравствени содржини. Со овој проект се решава еден од долгогодишните проблеми -. недостигот од институционална грижа за старите лица.

„Од наша страна инфраструктурно се уредуваше земјиштето во оваа година, заедно со ЕВН, приклучокот на струја, приклучокот на канализација, вода и сите оние потребни инфраструктурни зафати за тој објект конечно да профункционира. При самиот крај, тој објект, покрај сместувачкиот капацитет, односно грижата за старите лица, има можности и за болница во самиот објект, врз основа на урбанистичкиот план, до 30% во компатибилните намени.“ – вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Повозрасните граѓани велат старечкиот дом е насушна потреба, но се загрижени за високите цени. Сметаат дека за сместување ќе бидат потребни субвенции од државата.
-Мислам дека е приватен и цените ќе се проблем сигурно. А и не знам мислам нема палијативна нега не е предвидена ко пензионерски ќе е . Задолжително за старечки дом ќе треба субвенции.
-Би требало да има пензионерски дом во години сме сите и јас мислам дека е позитивна работа. Па би требало да даде пензиите се претежно мали пензии се ке бара додаток енма да може да стаса пензијата.
-Ако дава син ми субвенции, ако праќа долари. Да се сместам јас сум сама немам никој во четири ѕида сум сам.
Изградбата на старечкиот дом беше поддржана од Општината и државата преку субвенционирање на комуналиите.
Новинар Соња Рилковска






