Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“
Од Општина Охрид ги повикуваат наградените ученици, во придружба на родител, да достават трансакциски сметки во Одделението за управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид

Жири-комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби на конкурсот на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ и ги избра најдобрите трудови, информираа од Општина Охрид.
Во категоријата литературни творби, наградени се:
- Прва награда – 7.000 денари: Андреа Милеска (12 години), ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
- Втора награда – 5.000 денари: Филип Темелков, V одделение, ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
- Трета награда – 3.000 денари: Теодора Стојаноска (8 години), ООУ „Св. Наум Охридски“ – с. Пештани, Охрид.
Во категоријата ликовни творби, наградите им припаднаа на:
- Прва награда – 7.000 денари: Александра Шуканова (13 години), ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
- Втора награда – 5.000 денари: Емилија Спасеска (11 години), ООУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, Охрид.
- Трета награда – 3.000 денари: Хана Петреска, I одделение, ООУ „Св. Наум Охридски“ – с. Коњско, Охрид.
Од Општина Охрид ги повикуваат наградените ученици, во придружба на родител, да достават трансакциски сметки во Одделението за управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 57.
Документите треба да се достават секој работен ден, од 7:30 до 15:30 часот.




