Денеска отворање на првиот SPAR маркет во Охрид

Првиот маркет на меѓународниот малопродажен бренд SPAR во Охрид свечено ќе биде отворен денеска во 14 часот, во рамки на Охрид Мол. Со ова, еден од најпрепознатливите меѓународни малопродажни брендови го продолжува своето ширење во Македонија, носејќи нови можности за пазарување и богат асортиман на производи за охриѓани.

Купувачите ќе имаат можност да избираат од широк асортиман на свежи производи, домашни и меѓународни брендови, препознатливи SPAR трговски марки и производи по атрактивни цени.


Со отворањето на маркетот, SPAR има за цел да ги поврзе меѓународните стандарди и искуството со локалните потреби, отворајќи простор и за поголема соработка со домашните производители и застапеност на македонските производи.
„Мој SPAR, мој избор“ е мотото на брендот кој денеска и официјално ќе ги отвори вратите на првиот маркет во Охрид, нудејќи им на граѓаните квалитетно и достапно пазарување.




